71 годишник нападнал малолетничка, ја допирал и бакнувал.
Со нежните и несилни раце, храбрата малолетничка го изгребала насилникот по лицето и се спасила од неговата намера да ја бакнува и допира.Напаѓачот бил фатен и му била поднесена кривична пријава.Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ф.Ш. (71) од Охрид поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
– Вчера во 15.00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, 46 годишната Р.А. пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот на улица „Гоце Делчев“, нејзината 11 годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува. Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето. По преземени мерки, лицето било пронајдено и лишено од слобода, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
