Денеска почнува летото, какво време ќе имаме?

Од денеска во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата.

Во Македонија летото почнува во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време.Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.
Лето 2018 ќе биде нешто поврнежливо и посвежо за разлика од изминатото лето 2017 кога имавме екстремно топлотни бранови кој навистина трае многу долго. Температурите на воздухот иако ќе бидат во границите на просекот сепак повремено може да очекуваме и под просечни температури на воздухот и свежо време за летниот период но и повеќе врнежи од дожд како и услови за локално невреме кое би можело да услови локални поројни поплави и врнежи од град како и силен ветер“- вели метеорологот Славчо Попоски. Објаснува дека и покрај ова не значи дека не треба да очекуваме барем неколку поизразени топлотни бранови и посуви периоди со многу високи температури на воздухот типични за тој дел од годината.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани