Тепачка пред ноќен бар во Охрид

Пред познат ноќен бар во Охрид, утрово се случила тепачка.

Според полициското соопштение, на 24.06.2018 година околу 01 часот и 40 минути, на влез во бар во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир. Настанот е случен откако двајца вработени во обезбедување на објектот не им дозволиле влез на лицата М.Л.(24) и Д.Х.(24), двајцата од Скопје, со образложение дека барот е затворен. Во нарушувањето на јавниот ред и мир учествувал и Р.Б. (42) од охридското село Велгошти.Секторот за внатрешни работи Охрид, против сите учесници во нарушувањето ќе поднесе соодветна пријава

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани