„Го сакам градот безбеден“ на 7 јули во Охрид

Сообраќајната кампања „Го сакам градот безбеден“ во јули стартува од Охрид.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, на 7 јули, од Охрид ја стартуваат републичката превентивна кампања „Го сакам градот безбеден“.
-Кампањата „Го сакам градот безбеден“ во Охрид ќе се реализира од 7 до 14 јули, при што, во таа недела на безбедност во сообраќајот секојдневно ќе се реализираат различни превентивни и едукативни активности.Целта на кампањата е подигнување на степеност на безбедносната култура кај сите учесници во сообраќајот, подигнување на свеста и совеста за одговорно учество во сообраќајот на возачите на моротни и други возила, моторциклистите, велосипедистите и пешаците и почитување на сообраќајните правила и прописи, изјави претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Охрид, м-р Стефан Димоски.


Инаку, глумци, пејачи, новинaри, спортисти, водители и останати јавни личности… сите во еден глас праќаат порака „Го сакам градот безбеден“, и со тоа даваат поддршка на новата едукативна активност на РСБСП која го носи токму овој наслов, а има за цел подигнување на сообраќајната култура и свест во секој град и во секое населено место во Македонија.


Пред нас е лето, време на одмори и забави, време за нови искуства и нови доживувања, а статистичките податоци и искуствата од минатите години покажуваат дека бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во летниот период двојно се зголемува.За безбедно лето, за безбеден сообраќај, бидете дел од кампањата„ Го сакам градот безбеден“ и дадете го вашиот придонес за побезбеден сообраќај преку целосно и без исклучок, почитување на сообраќајните правила и прописи.
-Да започнеме да ја градиме и да ја менуваме сообраќајната култура, почнувајки секој од себе, преку личен пример и позитивен придонес, за помалу жртви и поголема безбедност на улиците и патиштата – порачуваат од РСБСП и подржувачите на кампањата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани