Поради лошото време, се презакажува дезинсекцијата во Охрид.
ЈЗУ „Центар за јавно здравје“- Охрид, информира дека наместо утре, новите термини за предвидената дезинсекција во Охрид се среда, четврток и петок.Центарот ги информира сите граѓани кои одгледуваат пчели на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа дека поради најава на неповолни временски услови (ветар, дожд) за утрешниот ден, најавената теристичка (од земја) дезинсекција против комарци екипите на Центар за јавно здравје од Охрид ќе ја спроведат во деновите: 27.06.2018 година (среда), 28.06.2018 (четврток) и 29.06.2018 (петок) во периодот од 20:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени соодветни територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. За сите информации и прашања отворени се телефоните за контакт во Центарот за јавно здравје во Охрид, напоменуваат од Центарот.
Инаку, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид, се реализира оваа превентивно- систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка.
