Со нож прободено момче кај Долна Белица

Во жестока караница, со нож е прободено 23 годишно момче.

32 годишен жител на струшко Радолишта започнал караница со 23 годишно момче. Напаѓачот заработил кривична пријава.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М.(32) од струшкото село Радолишта.
Тој, казненото дело го сторил на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна Белица кога со патничкиот автомобил што го управувал и го попречил патот на Б.И.(19) по што се случила вербална расправија со Ш.К.(23) кој бил повикан на местото на настанот. Меѓусебна расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, по што, во еден момент М.М. со нож го прободил Ш.К. во пределот на слабината, и му нанесол телесна повреда.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани