Утре под мотото „Охридската клима – успех за охридската цреша“ ќе се промовира охридската цреша.
Настанот ќе се одржи на 2 јули 2018 г. – понеделник, на малиот плоштад меѓу ТЦ Амам и Тинекс, во Охрид, со почеток во 09.00 ч.
Промоцијата е во рамките на проектот Охридската клима – успех за охридската цреша, поддржан од Општина Охрид и има цел да ја промовира охридската цреша како локален производ пред граѓаните и туристите.
