Започнува со работа градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид од денес започнува со работа.

 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека почнувајќи од 01. 07 2018 ( недела ) официјално, за летната сезона 2018, ќе биде пуштен во употреба градскиот базен „Атина Бојаџи“. Работното време е од 9 до 20 часот и тоа од 9 до 14 часот базенот ќе биде на располагање на пливачките школи додека од 14 до 20 часот ќе биде на располагање за сите граѓани,рекреативци и љубители на пливањето и водните спортови.

-Оваа година покрај вообичаените активности градскиот базен ќе може да се користи и за организирање на роденденски забави и промотивни активности, информираат  од Јавното претпријатие.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани