Проаква Струга ги повика грашаните раационално да ја користат водата, за да не се соочат со проблеми со водоснабдувањето.
-„MJП Проаква Струга ги повикува граѓаните на Струга и нејзината околина да не ја злоупотребуваат вода и да ја користат колку што е можно порационално водата за пиење. MЈП Проаква ја следи состојбата и се прават напори веднаш по врнежи од дожд да реагира и да излезе во пресрет на граѓаните.
Моменталната ситуација покажува дека изминатата недела е зголемува побарувачката за вода за пиење, и имаат многу информации кои доаѓаат до нас од страна на граѓаните и од контролната тимови на MЈП Проаква Струга дека водата се злоупотребува во различни форми, и дека трошејќи околу 420 литри во секунда од акумулациите, ситуацијата покажува дека многу градови поголеми од Струга трошат помалку вода без злоупотреба на вода за пиење.
Ветивме дека ќе го подобриме времето на зголемување на капацитетот за дистрибуција на вода за пиење и секојдневно делуваме и ќе ја подобриме ситуацијата во споредба со изминатите години, но нашите напори се безвредни кога не успеваме да постигнеме разбирање и соработка од Ваша страна да се запре каква било злоупотреба“, информираат од МЈП Проаква Струга.
