Информативна средба со земјоделци денеска ќе се одржи во Долно Лакочереј.
Во просториите на Месната заедница во Долно Лакочереј, денеска ќе се одржи информативните средби за земјоделците од охридско.На средбите ќе стане збор за предностите од здружување во земјоделски задруги како и за можностите за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги. На средбата, претставници на земјоделски задруги од Република Србија ќе ги презентираат нивните успешни примери. Тема на средбата во Охрид како и на предвидената слична во Ресен, е предностите од здружување во земјоделски задруги како и можностите за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги. Инаку, информативната средба е во организација на македонската развојна фондација за претпријатија, слична таква која ќе се одржи организира информативните средби за земјоделците што ќе се одржат денеска во Ресен и Охрид.Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
