Искршена рампата Горна порта. Синоќа непознати сторители ја искршиле рампата која ЈП „Билјанини извори“„ ја постави на самиот влез пред Горна порта.
Директорката на ЈП Гордана Јованоска за Охриднет вели непознати вандали ја демолираа рампата а случајот е пројавен во полиција.
-„Очекуваме полицијата да го расчисти овој случај. Ние сме сега горе кај искршената рампа и ќе ја поправиме„, додава Јованоска.
На поставувањето на рампите на двата влезови во Стариот град на Охрид негодуваа жителите на овој дел од градот.
Вчера по социјалните мрежи се поставуваа видеа од застој пред рампите.
