74 загинати во пожарот во Грција, се трага по исчезнатите

Популарното туристичко место Атика го снема во пожарот кој ја зафати земјата, а во кој има над 74 загинати и  стотици повредени. Се верува дека бројот на жртви ќе расте.

 

Мештаните и туристите бегале од пожарот, некои ги проголтале пламените јазици, некои скокале во море, некои се загушиле од чад.

Потрагата по преживеани продолжува во Грција, каде  во пожарите што избувнаа во близина на главниот град Атина.

Силните ветрови го ширеа огнот, заглавувајќи многумина во домовите и возилата, а останатите ги принуди да влезат во морето во обид да избегаат од пламенот.

Премиерот Алексис Ципрас прогласи тридневна жалост.

Во вторникот, телата на 26 возрасни и деца прегрнати беа пронајдени на врвот на карпа.

„Тие се обиделе да најдат пат за бегство, но, за жал, овие луѓе и нивните деца не успеале тоа да го направат. Инстинктивно, гледајќи го крајот, тие се прегрнале”, рече Никос Економипулос, претседател на грчкиот Црвен крст.

Во понеделникот вечерта, стотици пожарникари се бореа против пламените, кои беа предводени од ветрови со брзина од 100 километри на час.

Крајбрежните патролни чамци и приватни бродови собраа стотици луѓе кои успеале да стигнат до пристаништа или плажите.

Спасувачите сега бараат куќи, автомобили и крајбрежјето за преживеани и жртви на пожарите, стравувајќи дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Роднините на оние пријавени за исчезнати објавуваат фотографии на веб-страница со надеж дека ќе го најдат нивното место на живеење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани