Црквата Свети Никола која е изградена 1836 – ( 1845 ) година,живописана 1874 година,за време на султанот АбдулаМеџид.А,Архиреј Дионис – под управата на поп Стојан Крстиќ од Подгорци,Парохија Подгоречка,Иконостасот тогаш го сликале мајстори од Галачник.
.jpg)
Конзерваторско-реставраторските работи на оштетените фрески на ѕидното сликарство во црквата Св.Никола во Подгорци се реализираа според изготвениот и одобрениот Проект за конзервација и реставрација истакна Владо Крстаноски член на црковниот одбор а воедно и благајник.Конзерватоеските работи започнаа во месец мај и во рекордно време се завршија во месец јули рече Крстаноски.Во него учествуваа четворечлена стручна екипа за конзервација на ѕидно сликарство под раководство на м-р Владо Мукоски советник конзерватор за фреско сликарство со неговите соработници (Александар Антниев и Момчило Трајкоски),при Националниот конзерваторски центар од Скопје.
.jpg)
Поради обемноста на конзерватоските работи беше изготвена благовремено оперативна програма,според која,работите се изведуваа во пет фази:
– Китирање на живописот,инјектирање на потглобучените места,чистење на живописот од нечистотии и саѓи,ретуш и изработка на детална фотодокументација.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
