Утре свечено доделување на дипломи на генерацијата матуранти 2017/2018.
Настанот ќе се одржи на 09.08.2018 год. во дворот на гимназијата “Св.Климент Охридски” – Охрид со почеток во 20 часот.
ПРОГРАМА
– Отворање со Химната на Република Македонија во изведба на ученичката Ирма Гогова
– Презентација на класовите
– Обраќање на Градоначалникот на Охрид проф.д-р Јован Стојаноски
– Обраќање на директорот на Гимназијата
– Доделување награди на ученици
– Музичка изведба од ученици
– Обраќање кон генерацијата
– Химна Gaudeamus Igitur, затворање на приредбата со фрлање на капи
