Во Струга почна фестивалот „Езерски бисери 2018“

Меѓународниот арт-фестивал „Езерски бисери 2018“ започна во Струга.

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга до 14 месецов се одржува Меѓународниот арт-фестивал „Езерски бисери 2018“ со учество на претставници од Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Македонија, Казахстан, Литванија, Србија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Турција.Утре 10.08., од 21 ч ќе се одржи избор за европска убавица во организација на World Beauty Contest од Москва. Осумнаесетте кандидатки за оваа ласкава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.Натпреварот во класика и естраден вокал и танци ќе се одржи в сабота, 11.08.2018, со почеток во 10 ч, а настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.Публиката ќе може да ужива во најатрактивните музички и танц изведби на традиционалниот гала-концерт кој ќе се одржи в недела од 21 часот.Во рамките на фестивалот кој трае од 7 до 14 август ќе се одржат повеќе мастер класови за учесниците, за кои се организирани и посети на Охрид и Вевчани.Најдобриот учесник ќе добие награда Гран при, фестивалска статуетка, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани