Интернационалeн пливачки маратон на 10 километри, денеска ќе се плива во Охридското езеро.
Маратонот е во организација на Пливачката федерација на Република Македонија и Пливачкиот клуб „Феникс“ од Скопје со учество по шест пливачи во машка и женска конкуренција.Ќе се пливаат шест круга по 1.665 метри.
-До овој момент имаме вкупно 12 натпреварувачи, а во текот на овој ден бројката очекуваме да се зголеми за три пливачи. Меѓу пливачите се и Аргентинецот Гилермо Бертола, кого го знаеме по учествата на Охридскиот пливачки маратон, Бугаринот Венцислав Ајдарски, минатогодишниот победник на Олимпискиот пливачки маратон и други.Кај жените на стартот ќе се појави минатогодишната победничка Василики Кадоглу од Бугарија и Ева Петровска од Македонија која првпат ќе се натпреварува во ваква дисциплина. На сите им посакувам многу среќа, добро здравје и мирна вода, истакна на денешната прес конференција Томи Стефаноски, потпретседател за далечинско пливање при Пливачката федерација на Република Македонија.вкупниот награден фонд на маратонот што ќе се плива во шест круга (еден круг ќе биде долг 1.665 метри) е 3.400 евра.
