12 годишниот Марко во обид да го преплива Охридското езеро

Детенцето Марко ќе стартува во 9 а ќе финишира околу 19 часот.

Денеска, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, малиот Марко Пејчиноски од Охрид, ќе се обиде да направи голем и херојски подвиг. Тој ќе направи обид да ја преплива маратонската патека од Свети Наум до Охрид, во должина од околу 30 километри.Значењето на ова херојство на нашиот 12 годишен сограѓанин е дотолку поголемо бидејќи Марко, за жал, има сериозен здравствен проблем на коска на долните екстремитети. Но Марко, има силна желба и сака својот подвиг да го реализира токму денеска на денот кога се слави празникот Голема Богородица. Своите тренинзи, Марко ги имал скоро една година, преку зима во базенот на хотелот „Тино“ потоа во отворениот базен на спортскиот центар „Билјанини извори“.
На големиот 12 годишен пливач-херој, му посакуваме многу успех, нека неговиот сон се оствари и искажуваме големи желби да отплива подалеку од здравствениот проблем и да се вивне во врвовите на македонското и светско пливање. Да го пречекаме Марко вечерва на градското пристаниште од 18 до 19 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани