Огромни дупки со остри ивици, исечени поради изведување на градежни работи уште од зимата зјаат на улицата „Билјанини извори“ во Охрид.
Охриѓани се жалат, особено оние кои секојдневно минуваат тука за да ги однесат своите деца во градинката „Лихнида“.
-„Дупките се огрмни, страшни. Стојат повеќе од шест месеци. Уште од зимата кога се градеше една зграда, за приклучок во инфраструктурата. Никој не води грижа. Секојдневно минуваме од тука во кал и прашина, правејќи штета на нашите автомобили“, велат охриѓани за Охриднет.
Секоја компанија која извршува градежни зафати е должна по завршувањето да ја врати улицата во првобитна состојба. Доколку тоа не се случи , тогаш локалната самоуправа е должна да го направи тоа на сметка на претпријатието кое изведувало.
Охриѓани бараат итно да се преемат мерки и да се затворат огромните „кратери“ на улицата.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
