Викендов дел од учениците од II година при ОСУ „Св. Климент Охридски“ заедно со професорите Менка Ѓореска и Ристе Николески, реализираа теренска настава во локалитетите Кокино и Куклица.
Цели на проектот е учениците на самите локалитети да ги идентификуваат, препознаваат и покажуваат видовите на карпи. Да објаснуваат, споредуваат, претпоставуваат и резимираат за случувањето на овие простори низ подалечното минато. Да изведуваат сопствени заклучоци за промените кои можат да се случат во иднината. Преку самостојно и групно истражување учениците да дојдат до податоци за случувањата поврзани со овие уникатни локалитети на територијата на Република Македонија. Да сликаат, снимаат, анализираат и изработат презентација од сработеното која ќе се презентира пред останатите ученици и ќе остане како оргинално нагледно средство, информираат од охридската гимназија.
Учениците тргнаа на терен со два минибуси во 2 часот и во утринските часови пристигнаа во подножјето на опсерваторијата Кокино.
