Полициско обезбедување 24 часа стои пред куќите на охридските пратеници.
Под полициска лупа се куќите на Љубен Арнаудов и Сашо Василески . но и домот на пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев.
Покрај тоа, полициски патроли го надгледуваат и домот на Крсто Мукоски во Вевчани.
МВР и премиерот Зоран Заев веќе проценија дека овие пратеници ќе бидат под закана поради гласањето за уставните измени за што им гарантираа безбедност.
На социјалните мрежи не стивнуваат закани и клетви особено до пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени.
