Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес во Јонското Море, почуствуван и во Македонија, Малта, Италија, Албанија и Либија.

Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита, изјавил дека три лица биле пренесени во болница, од кои две биле со полесни повреди, пренесе Ројтерс.

 Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер, кој во 01.54 часот по локално време го погоди Јонското Море, со епицентар во морскиот дел на 44 километри југозападно од островот Закинтос, предизвика голема  материјална штета.

Епицентарот е регистриран во Јонското море, околу 130 километри југозападно од Патрас на Пелопонез, на длабочина од 14 километри.

Грчкиот геодинамички институт објави дека земјотрес со јачина од 6,4 степени, регистриран во 01.54 по локално време, ја погоди областа околу 50 километри јужно од Закинтос, проследена со серија умерени земјотреси.

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.

Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани