Новата пратеничка група ќе биде официјализирана идната недела.
Новата пратеничка група, ќе ја сочинуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канчевска Милеска, Крсто Мукоски, Сашо Василески, Љубен Арнаудов, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова и Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Координатор ќе биде Елизабета Канческа Милевска.
Осумтемина опозициски пратеници, кои минатиот петок гласаа за пристапување кон уставни измени, до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.Се очекува официјално идната недела да се формира пратеничката група од опозициските пратеници кои гласаа за почеток на уставните измени.Со организирањето во посебна група, пратениците ќе добијат право на посебна канцеларија, асистенција од стручните служби, присуство на координативните состаноци кај спикерот Талат Џафери, пропорционално учество во комисиите. Местата ќе треба да им ги отстапи ВМРО-ДПМНЕ, која стартуваше со 51 но сега останува со 39 пратеници.
