Не се знае идентитетот на погинатиот возач на автомобилот.
На шести ноември оваа година, во 05 часот и 45 минути, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други имаат телесни повредени.
Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
-На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот, изјави Димоски.
