Внимавајте каде паркирате! Пајакот во Охрид изминативе денови работи со полна пареа.
Се подигаат коли на секој чекор. Во координирана акција на полицијата и ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве беа подигнати дваесеттина автомобили.
Нема толеранција ниту за запирање, ниту за паркирање. Полицијата воведува ред во центарот на Охрид.
Инаку ЈП Комуналец доби на располагање уште едно возило „пајак“ за подигнување на автомобили.
