Непожелниот гостин со ножот повредил вработен во клубот.
Рано утрово во 00.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25 ) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика. Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање.
– Кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
