Лада „пламна“ ноќеска во Охрид

Ладата целосно изгоре за кратко време, интервенирала пожарната.

Ноќеска, во 01 часот и 50 минути, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за опожарено возило на паркинг на булевар „Туристичка“. При извршен увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител и вешто лице, констатирано е дека опожарен е патнички автомобил „Лада Нива“ со охридски регистарски ознаки сопственост на С.С. (45) од Охрид.
-Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расветлување на случајот, изјави Стефан Димоски,портпарол на полицијата.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани