„Македонија блокира“ протестираше пред домовите на охридските пратеници

Движењето им достави протестни писма на пратениците Василевски и Арнаудов.

Припадниците на Движењето против уставните промени „Македонија Блокира“,синоќа доставија протестни писма до пратениците на опозицијата кои гласаа за отворањето на прашањето за уставни измени.Тие синоќа беа пред домовите на охридските пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на кои им го предадоа писмото во кое се апелира од нив како народни избраници да ја почитуваат волјата на граѓаните на Македонија, кои според нив, го кажале својот став по уставните измени со неизлегувањето на Референдумот. Истовремено тие бараат од пратениците да го сменат својот став на второто изјаснување во Собранието кога ќе има потреба од двотретинско мнозинство.
Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои од Скопје патуваа до Охрид за да му достават писмо, кое како што велат, содржи барање за тој да не гласа за уставни измени. Тие пред неговиот дом гласно викаа да не биде предавник како неговиот колега Сашо Василески и да ги прими во неговиот дом.Претходно, демонстрантите беа и пред домот на пратеникот Сашо Василевски каде имаше и вербална расправија помеѓу него и демонстрантите кои му упатија погрдни зборови. За нив, пратеникот Василевски е „предавник“ и „кодош“ на кого му била кажана само вистината, а никој не му се заканувал.
Протестно писмо во средата беше доставено и до пратеникот Крсто Мукоски во неговиот дом во Вевчани,

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани