Голема количина дрога фатени на „Ќафасан“

Марихуаната била сокриена во две торби.

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека на местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот, додава Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани