Пожар беснее кај Врбјани

Пламените јазици ја „ голтаат“ шумата во атарот на селото Врбјани.

Силен пожар нешто пред 17 часот, избувна во шумскиот појас кај селото Врбјани-општина Дебарца и сеуште не е целосно изгаснат.Во борба со огнената стихија се шест пожарникари од охридската противпожарна единица кои таму се со две противпожарни возила и целокупната опрема. Тешка е нивната борба за гасење на пожарот не само поради ладното време туку и поради ветерот кој дополнително ја усложнува акцијата за гасење.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани