Распишана национална потерница по Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски се најде на интернет сајтот на Министерството за внатрешни работи за потраги, откако по него од вчера е распишана национална потерница.

 

-Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ – е тексот со кој е проследена фотографијата.

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.

Потерницата следи откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката на жалбата на Кривичниот совет за одложување на затворската казна, а и такви обиди беа направени и вчера.

Во вечерните часови, тимови на МВР прво беа во домот на Груевски, на адресата каде и претходно го бараа, а исто така и во подземните гаражи кај седиштето на партијата.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција обвини дека партијата е под полициска опсада.

–  Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку – рече Јанушев.

Тој рече дека екс лидерот на партијата и почесен претседател Никола Груевски не е во партиското седиште.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој не беше на прес конференцијата, на Фејсбук ја обвини власта за правење на „евтин театар“ и дека неоправдано го посочува прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого.

-Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа – прашува Мицкоски, пренесува Нова Тв.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани