Запалил трева изгорела плевната на комшијата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство пoднесе кривична пријава против М.В.(63) од струшкото село Велешта.

Тој, на 16 октомври оваа година, од небрежност запалил сува трева на нива во близина на селото од што настанал пожар кој се проширил и ја зафатил плеваната сопственост на С.Ш. од истото село. Притоа, целосно биле опожарени бали од сено како и дел од земјоделската механизација, со што била предизвикана материјална штета од 400.000,оо денари.
Натамошното ширење на пожарот е спречено со интервенција на противпожарната единица од Струга, информира портпаолот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани