Од сабота стартува новата авио линија од Охрид до популарната европска туристичка дестинација Виена.
Претстојната ниско-тарифна конекција со Wizz Air ќе сообраќа три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела, со што се создаваат одлични можности за македонските туристи да откријат еден од европските културни центри со достапни цени од само дваесеттина евра.
Главниот град на Австрија ќе биде совршена дестинација за туристите што сакаат да го посетат, но воедно ќе значи и доаѓање на висока класа гости од Австрија во Охрид.
-0350„ Веќе во првите осум месеци во Р. Македонија имаме зголемување од 15% на туристите и околу 16 % на ноќевањата. Оваа година беа од неколку дестинации дуплирани чартер линиите веќе во минатите неколку недели во Охрид и во Скопје голем број на тур оператори потпишуваат договори за наредните години со охридските хотели и секако хотелите во градот Скопје. Активно работиме на зголемување на бројот на дестинации кога е во прашање на 2019 година“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за туризам.
И хотелиерите задоволни од субвенционирањето на нови авио линии. Тие бараат субвенционирање на туристи и вон сезона.
„За Охрид треба сериозно да се размислува и во делот на субвенциите што ги издвојува државата бидејки Охрид се прилагоди со цените. Јасна стратегија кон кои целни групи и кон кои пазари и дали треба да субвенционираме во високата сезона или веќе е време да се субвенционира надвор од високата сезона, вели Тоше Чочороски хотелиер.
Ова трета по ред авиолинија од Охрид што ќе сообраќа во текот на целата година, после Базел и Лондон. Околу триесеттина авиолинии во 14 држави, се достапни од двата македонски аеродроми, што придонесува за зголемување на дојдовниот и појдовниот туризам, како и за унапредување на бизнис-врските меѓу државите.
Новинар Соња Рилковска
