Охрид ќе го реши проблемот со кучињата

Локалната сериозно се зафати да го реши проблемот со бездомните кучиња.

Се гради  на прифатен центар на Мауцкер. во кој  50-тина бездомни кучиња  ќе добиваат хуман третман , информира заменик градоначалникот Константин Георгиески.

„ Во соработка со Комуналец изработивме обемен проект. Со компании од градот кои донираа средства се изработени кафези. ЈП Охридски комуналец пристапи кон организирање на шинтерската служба. Набавени се возила за заловување. Тендерот за ветеринарни услуги е распишан и наскоро треба да заврши. Лицата кои ќе бидат избрани ќе добијат сертификати од ветеринарниот факултет“, изјави Георгиески во изјава за регионалната ТВМ телевизија. 

За функционирање на згрижувачкиот центар ќе бидат искористени средства со ребаланс на општинскиот буџет. До крајот на ова година ќе бидат искористени 500.000 денари за оваа намена. Финансирањето на згрижувачкиот центар ќе биде дефиниран со програмите за следната година.

„ Има проекции. Дел ќе се имплементираат во Нацрт прогармата . Дел ќе се на товар на ЈП Охридски комуналец. Како општина ќе го субвенцинираме, но повеќе информации ќе имаме кога ќе ги носиме програмите за 2019. Ние како локална самоуправа покажавме дека не бегаме од горливите проблеми.Се зафативме со работи кои не се видливи за за граѓаните, но беа од големо занчење за работата на ЈП и општините. Така ги анамливме долговиет на некои ЈП и блокираната жиро сметка на основно училиште Григор Прличев. За 11 месеци успеавме за 105 милиони денари да го намалиме долгот на општината“ , додаде  Георгиески.

Извор ТВМ ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани