Откриени нелегални сајли за криволов на Јабланица

Откриени нелегални сајли за криволов на Јабланица. 

 

Вчера  од страна на ловното друштво  „ЦЕРН КАМЕН“ Вевчани беше направена контрола од стара караула по граничната линија се до село Дренок и беа пронајдени недозволиви средства за ловење. Откриени се 30 сајли околу граничниот камен со бр Е 25/х. Кај 2 сајли беше видно дека е уловено животно по што може да се констатира од влакната пронајдени на самото место дека се работи за дива свиња и мечка. Истите ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, информираат од ловното друштво „Церн Камен“ Вевчани. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани