Падна првиот снег, а со него и критиките за надлежните

Синоќа падна првиот снег а со него како по традиција и првите критики за надлежните.

Непроодни патишта, заглавени возила, завеани патници оставени на милост и немилост. Најкритично на превоите Стража и Пресека. Македонија пат повторно потфрли. Ненавремено чистење на снегот придонесе за отежнет сообраќај. 

Од синоќа безброј критики до надлежните на социјалните мрежи. Пренесуваме дел од коментарите:

-„Повторно снегот ве изненади? Беше најавено на сите медиуми! Ало Македонија пат до кога?„

– „Шест часови патувавме до Скопје. На Стража и Пресека какастрофа главниот пат непрооден“

-„Зарем истото секој снег? Бруки сте Македонија пат“ 

-„Главниот пат скроз неисчистен, возачите оставени да се снаоѓаат сами на Пресека, на Стража, низ планинските снежни превои..Надлежни, каде сте?

Утрово постабилно, од АМСМ предупредуваат на внимателно возење. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и на места со остатоци од кашест снег по коловозите. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани