ВМРО ДПМНЕ излегува на улица, од среда протести

Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република.

Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија. Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија. Мицкоски вели, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев,
ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев. И во овие зимни месеци ќе го поведеме народот на улица, затоа што состојбата е аларамнтна. Државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните.

Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин. Поради ова црно време кое го живееме. Мора да има светло за сите нас, за сите граѓани. И блиску е зората, зората мора да изгрее и зората ќе изгрее. Деталите ќе ги соопштиме во наредниот период. Првиот протестен марш ќе се одржи во среда, и собирот ќе започне од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија, потоа ќе протестираме и во другите градови на Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани