Каква дрога пронајде охридската полиција?

Дрогата е пронајдена при претрес во куќа во Охрид.

Охридската полиција изврши претрес во домот на 37 годишниот С.П. од Охрид.
-По добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што, пронајденa e марихуана како и мешавина на марихуана со тутун, хашиш, амфетамин и кокаин, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски додаде дека против пријавениот, СВР Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори “.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани