Четвртина од населението во земјава живее во сиромаштија

Скоро една четвртина од граѓаните во Македонија живеат во сиромаштија.

Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика според кого лани 22,2% од населението живело во сиромаштија, односно со помалку од 7.000 денари месечен приход. Од Македонска платформа за борба против сиромаштија велат дека оваа слика е очајна и бараат итна реакција на државата.

„Ние веќе подолго време инсистираме дека во Македонија недостигаат 2 клучни работи, да се гарантираат финансиската безбедност на граѓаните. Значии не социјална помош од 30 евра туку вистинска квалитетна поддршка и второ сет на услуги кои што ќе им помогнат во надминување на секојдневните предизвици. Значи во образованието не може да очекувате децата кои живеат во вонредни услови, во очајни услови, да покажуваат добри резултати на училиште. Затоа покрај финансиската поддршка за семејството потребно е да се има социјални услуги кои ќе подразбираат квалитетно образование“, истакна Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа за борба против сиромаштија во изјава за Сител ТВ. 

Исто така голем е процентот на населението кое живее малку над оваа граница од 7.000 денари месечен приход. Кои немаат воопшто квалитетен жиивот, но според статистика не се во графата на сиромаштија. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани