Клевета , говор на омраза, навреда и еднострано информирање се дел од секојдневните поплаки кои стигнуваат до Советот за етика во медиумите на Македонија.
Најголемиот број на забелешки каде има најгруби нарушувања спротивно со кодексот на етика, се однесуваат на онлајн медиумите, но ги има и од електронските и печатените. Изминативе три години поднесени се околу триста претставки и жалби од граѓаните до медиумите.
.jpg)
Ова беше истакнато на денешната дебата на тема “Саморегулацијата во медиумите, интересот на јавноста и граѓанска вклученост“ што се одржа во Охрид.
– „Многу често ни се покажувало дека не постои доволно политичка дистанца, кога се известува за прашања особено врзани со секојдневните политички случувања во државата, но за жал она што исто сакам да го споменам из аслужува внимание е фактот дека имаме се уште жалби кои што се повзани со сите видови дискриминација дали е тоа дискриминација по етничка основа ,или по политичка припадност, дачи е дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Така да значи иамме примери на кои што особено ни се жали граѓанскиот сектор и се обидуваме да ги артикулираме овие прашања во јавност“ , истакна Марина Тунева извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија.
Советот за етика реагира преку соопштение носејќи одлука во која бара од медиумите , кои го прекршиле кодексот да бидат објевени на ѕидот на срамот и да се извинат, но многу често иститте медиуми не ги признаваат грешките.
.jpg)
–„Кај проталите имаме говор на омраза, имаме навреди клевети, има е нецензуриран говор, имаме мешање на мислења и факти коментари. Се коментира место да се даде ест. Тие се најчестите грешки кои што се јавуваат. Сме иамле ние во неколку портали по четири пет пати биле кај нас на тапет , имало и ТВ кои што биле еднаш до два пати, печатен медиум еден бил или два пати. И тука порталите доминираат“, вели Мирче Адомчевски претседател на комисијата за жалби.
Граѓаните иако ја препознаваат работата на Советот за етика на медиумите , како саморегулативно тело кое од 2015 година постои во земјава , сепак многу често се плашат да ги пријават проблемите во медиумите.
Инаку Охриднет, ком пристапи да бидее член на Соваетот за етика во медиумите на Македонија.
Новинар Соња Рилковска
