Македонија на листата на 28 те земји кои ги предлага „Нешнл Географик“ за посета во 2019 година!
Македонија е рангирана на 25 место од 28 земји кои туристите треба да ги посетат во 2019 година, пишува nationalgeographic.
За Македонија се наведува дека граничи со Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово, и изоболува со планини и езера.
Пишува и дека земјата има национални паркови Пелистер, Маврово и Галичица кои треба да ги посетат туристите.
За Охридското езеро се наведува дека е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа.
Oд балканските земји претпоследна на листата е Црна Гора.
Дестинација број еден е Мексико, втора е Амазон во Перу, трета е Фанјингшан во Кина, потоа Дакар во Сенегал, Дордоњ во Франција, а се редат и Нов Зеланд, Виетнам, Гренланд, Оман, Мисури, Француска Полинезија, Швајцарија, Ново Мексико, Белизе, Матера во Италија, Колумбија, Египет и други.
