Сообрајка кај Песочани

Тешка сообраќајка се случи кај селото Песочани.

Денеска околу пладне, тешка сообраќајна незгода се случила на магистралата Охрид-Кичево, во близина на селото Песочани-општина Дебарца.Според досегашните информации, директно се судриле две возила, автомобил и камион. Засега немаме точни информации за последици по патниците во возилата.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека е случена сообраќајна незгода на патниот потег во близина на селото, тој информира дека полициски екипи се упатени кон местото на настанот. Димоски кажа дека повеќе информации ќе има по завршувањето на увидот на местото на настанот.
Инаку, возила на полицијата, на брзата помош и на противпожарната единица со сирени се упатуваа по булеварот „Туристичка“ кон излезот на Охрид према Дебарца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани