Инцидентот го предизвикал 50 годишен охриѓанец, бил во алкохолизирана состојба.
Синоќа околу 21 часот, пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, лицето А.Б.(50) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.Тој, во видно алкохолизирана состојба,се обидел да влезе во објектот, што му било оневозможено од страна на работникот на обезбедување. Поради тоа, А.Б. почнал да вика на висот тон и непристојно да се однесува употребувајќи навредливи зборови кон него.
Со цел да се спречи натамошниот тек на нарушувањето, А.Б. е приведен во полициска станица, стои во соопштението од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид.
Инаку, деновиве СВР Охрид имаше неколку слични интервенции кога имаше кршење на излози на казиното и на неколку други соседни објекти но и кршење на апарати во казино од страна на пијан охриѓанец.
