Само рамо до рамо, сите заедно сплотени и единствени можеме да се спротивставиме над овие црнила што надвиснале над нас и нашата земја, рече Сашо Донев на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
„Името, идентитетот, достоинството на македонскиот народ станаа предмет за тргување додека државата тоне во сите сфери на општественото живеење.
Охриѓани се разочарани, загрижени за иднината поради политичките, економските и општествените црнила.
Ни треба мобилизација затоа што сите делиме исти маки и проблеми.
Затоа сите членови поддржувачи на ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваме да го ажурирате своето членство во партијата во која ја делиме заедничката цел.
Особено сакам да ги повикам сите неопределени граѓани и симпатизери да се зачленат и придружат во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Ажурирањето започнува од денес, 1 декември секој ден од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет.
ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот.
Заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ.
Секогаш ќе останеме на браникот на заштита на државните и национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази оваа неспособна и криминална власт“, обвини Донев.
