Турист од Малезија пронајден мртов во хотелска соба

На 01.12.2018 година во 02.00 часот во Полициската станица Охрид, од лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел во Охрид има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за С.Х.Б.Х.(68) од Малезија, кој заедно со неговата сопруга во Охрид пристигнале на 30.11.2018 година. Околу 01.00 часот му се влошила здравствената состојба, а по пристигнување на екипата од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба од Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на сопругата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани