„Десет локалитети во Македонија кои ќе ве остават без зборови“ е новиот промотивен текст за Македонија и Охрид објавен во туристичкиот магазин Slavorum.org.
Охридското езеро на прво место, средновековната црква Богородица Перивлепта на второ, на трето село Јанче, потоа следат манастирот Јоаким Осоговски, кањонот Матка, камениот мост во Скопје, НП Маврово, Марковите кули во Прилеп, Свети Јован Канео на деветто место и на крај Археолошкиот музеј во Скопје. Вака во фотографии се подредени локалитети кои воодушевуваат.
-„За луѓето што сакаат да патуваат, имаме друга словенска земја која има многу убави работи да ви понуди, тоа е Македонија. Една од балканските словенски земји, која исто така има дел од прекрасни природни и културни знаменитости кои пленат. Македонија е земја на копно, што значи дека нема море, но има едно светско познато и огромно езеро Охрид, па речиси може да се каже дека има море. За да е вистинска убавина во главниот град на Македонија, Скопје,има огромна река која го прави голем и романтичен град во кој се ужива“, пишува Slavorum.org.

