Од јануари се зголемуваат пензиските придонеси

Од први јануари почнува примената на сетот мерки за реформи на пензискиот и даночниот систем.

Со една мерка се предвидува зголемување на придонесот за пензиско и здравствено осигурување, па работодавците ќе ја пресметуваат јануарската плата со стапка повисока за 0,5 отсто во споредба со претходните месеци. Според објаснувањето на министерката за труд и социјала Мила Царовска, оваа нова повисока стапка треба да донесе од секој вработен од 100 до 200 денари повеќе во пензискиот и во здравствениот фонд, во зависност од висината на платата.

Се поставува прашање, врз чиј грб ќе падне овој трошок, на работникот или на работодавецот? 

Инаку, од овие 0,5 отсто во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе одат 0,4 отсто, а во Фондот за здравствено осигурување 0,1 отсто. Со овие реформи, според Царовска дефицитот на пензискиот фонд од 310 милиони евра ќе се намали на 275 милиони евра.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани