Бесплатни напитоци, колачи и овошје за пациентите во Центарот за јавно здравје Охрид

Топло гостопримство во Центарот за јавно здравје Охрид.

Чај, колачи и овошје за пациентите кои ја посетуваат јавната здравствена установа. Љубезните домаќини – медицинскиот персонал со насмевка ги послужуваат своите пациенти.

Една нова пракса која вистина воодушевува.

-„Со цел да се чуствувате удобно и задоволно при посетата на Центарот за јавно здравје Охрид покрај квалитетна, навремена и професионална услуга, ви овозможуваме во пријатен амбиент бесплатно послужување на топол чај, кафе , колаче и овошје“, велат вработените во Центарот за јавно здравје Охрид. 

-За немоќните пациенти Центарот за јавно здравје Охрид врши и домашни посети.

-„Во овие студени зимски денови, доколку се чувствувате немоќни, а имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, нашите мобилни тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид каде ќе ги обават потребните услуги и ќе ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.
Доволно е само да се јавите на еден од нашите телефони 046 231-030 или 078 488-255, секој работен ден, најдоцна до 13:00 ч. каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно уредно издаден упат од матичен лекар“, информираат од таму. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани