Пазарџиите стравуваат од казни со новите законски измени

Пазарџиите стравуваат од високите казни кои следуваат доколку не се почитуваат новите законски измени.

 

 Со новите законски измени на зелените пазари не смее да се продава ништо што нема прехранбена намена.

Облека, обувки, текстил, алати, сувенири, украси, аксесоари,ракотворби  и сите непрехранбени производи се строго забранети.

Воедно продавачите  зад тезгите мора да имаат лиценца, а неа не може да ја добијат вработени и пензионери.
Оваа нова законска регулатива  стапи на сила од првиот ден на 2019 година

Дали пазарџиите обезбедиле лиценци за работ и дали ќе се почитува новата законска регулатива останува да видиме. 

Пазарџиите бараа одлагање на овие законски мерки, но не успеаја. 

За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани