Развој на зимски туризам – долгогодишен сон на Охрид и охриѓани. Од ноември до април главниот туристички центар зјае празен. Тоа е клучниот предизвик во туристичкото стопанство.
Потребна е долгорочна стратегија, да се изнајде начин како да се привлечат гости во зимските месеци?
Изградба на спа центри, ски терени на околните планини, зимски етно села, субвенции за хотелите и угостителите се дел од мерките, што мора да се превземат.
– „Тоа е едо болно прашање што сме го разговарале многу пати како да заживее охридско струшкиот регион и во зима. На крајот доаѓаме до заклучок дека имаме две опции за да заживее зимно време многу се псоетени убави спа центри ис кијачки терени. Ние немаме нити убави спа центри, нити скијачки терени. Така да може да заклучиме дека сме сезонска дестонација. Некои 6 месеци имаме исполнетост општо за сите хотели зборувам“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Еден од клучните проблеми што Охрид не е атрактивна зимска дестинација е лошата патна инфраструктура и слабата понуда.
-„ Охрид како дестинација за зимски туризам не е развиена. Инфраструктурно сме отсечени од главниот град се уште не сме поврзани со автопатско решение Единствена можност е доаѓање на туристите преку аеродромот „Свети Апостол Павле“, вели Филип Мишев хотелиер.
Охрид важи за една од најевтините дестинации на Балканот , но во зима има посетееност само за Католички Божик, Нова година , Православна Нова година и Богојавление Водици, потоа до месец април градот е празен.
Новинар Соња Рилковска
