Храбра стружанка се спаси од двајца силувачи

Храбра стружанка ги спречи разбојниците да ја силуваат и ограбат обложувалницата. 

 

Вработената во обложувалница  се спротистави на нападот на силување на двајца мажи, со нејзината храброст и викање  придонесе да бидат фатени од полицијата.

-„Двајцата осомничени чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички ја нападнале вработената обидувајќи се да извршат силување. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се отргне од двајцата напаѓачи. Тие направиле обид и за разбојништво одземајќи го клучот од касата, но поради силното викање на оштетената побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот’, информираат од ЈОРМ. 

При спроведување на истражните дејствија, во координација со Основото јавно обвинителство Струга е утврдено дека осомничениот се гони од страна и на обвинителството од Струга за кривични дела Разбојништво од член 237 и Силување од член 186 од Кривичниот законик.

Овој настан се случил на 31 декември 2018 година кога осомничениот заедно со уште едно лице, државјанин на Република Албанија, извршиле разбојништво во обложувалница Моцарт во Струга. 

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајцата осомничени.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани